-->

Тик так, отказ, тик так...

Електронски часвоник во Канада го одбројува губењето на работните места. Часовникот е монтиран на комбе коа ќе патува низ Канада, а првата станица му беше парламентот во Отава.

Необичниот часовник ќе продолжи до Торонто и Монтреал, потоа ширум земјата, за на 5-ти јуни да стигне до Ванкувер.

"При секоја промена, по еден човек во Канада губи работа", изјави потпретседателот на Синдикатот на вработените во комуникацискиот сектор Џон Карпентер.

Стапката на невработеност во Канада моментално изнесува 8%. Во јануари работата ја изгубија 130.000 луѓе, во февруари уште 82.000, а во март 60.000 луѓе со полно работно време.

 

Copyright © 2009 selotejp.com