-->

Nokia го најави E52

Nokia го нaјави наследникот на својот популарен мобилен Е51. Новиот модел е подобрен во секој поглед, а посебно во траењето на батеријата.

На вчерашното претставување во полскиот главен град варшава, Nokia го откри најновиот производ од Е серијата, моделот Е52. Новиот уред се надоврзува на успешната Nokia E51 и е креиран според слични приоритети. Новиот модел посебно се истакнува со батеријата, па времето на чекање е скоро еден месец. Овој мобилен има камера со резолуција од 3.2 мегапиксели и LED блиц.

Најновиот модел во Е серијата паметни телефони доби и посилен процесор од претходникот - ARM 11 со такт од 600 MHz. Дисплејот е со исти својства како и кај неговиот претходник, со резолуција од 240 х 320 пиксели и приказ на 16М бои, но дијагоналата му порасна од 2 на 2.4 инчи.

Задолжителен додаток кај Е серијата на Nokia е WiFi адаптерот, па присутен е и кај овој телефон, а посебност која не се наоѓа кај многу мобилни денес е дигиталниот компас.

Препорачаната цена и точниот датум на појавување на пазарот сеуште не се познати.

 

Copyright © 2009 selotejp.com