Најновите истражувања покажуваат дека мажите и жените кои вдишуваат мали количества од хормонот, познат како „хормон на привлечноста и љубовта”, непознатите личности ги карактеризираат како „мошне атрактивни”.
-Кога окситоцинот патува низ крвта постои можност личностите кои што претходно ни биле непознати, да ги набљудуваме во позитивно светло, тврди Анџелика Теодориду, професорка по психологија на универзитетот Бристол во Велика Британија.
Според истото истражување луѓето со повисоко ниво на окситоцин даваат подарежливи работни понуди. Во исто време мажите кои што вдишуваат извесна количина на хормонот, само ден подоцна, подобро ги помнат лицата на луѓето кои што ги запознаваат.
Професорката Теодориду и нејзините соработници тестирале 96 жени и мажи од кои е побарано, веднаш по примањето на дозата окситоцин, да ја оценат убавината и физичката привлечност на спротивниот пол.
Без разлика на полот или расположението, доброволците кои што учествувале во истражувањето, ги оцениле непознатите лица како привлечни и достојни за доверба.
Сепак според доктор Џенифер Бартс, психолог при медицинскиот факултет во Њујорк, потребни се дополнителни истражувања за потврдување на резултатите од истражувањето.
-Јас лично не би го препорачала овој хормон како еликсир за љубов и секс, истакнува Братс.
И покрај ваквите предупредувања, на пазарот веќе се појавија повеќе препарати направени врз база на окситоцин.