-->

Паднал договор со Ибрахимовиќ!?

Фудбалерот на Интер, Златан Ибрахимовиќ наводно се договорил со челниците на Реал Мадрид околу негова преселба ова лето. Холанѓанецот Ројстон Дренте, кој игра во Реал, тврди дека работата е речиси завршена и дека во преодниот рок Ибра пристигнува на "Сантјаго Бернабеу".

"Сите во клубот знаат дека Ибра ќе игра овде следната сезона. Парите за тој трансфер се најмал проблем", рече Дренте.

Медиумите тврдат дека Дренте разговарал со личниот пријател на Ибрахимовиќ, Лабинот Харбузи, кој игра во Малме, и тој е главниот извор на оваа информација.

 

Copyright © 2009 selotejp.com