-->

Предвремено породување поради бактериите во устата

На забите, непцата и јазикот живеат разни микроби, кои зависно од хигиената на вашата усна празнина може да бидат корисни или штетни, заклучуваат експертите во магазинот „Science“.

Биолозите веќе подолго време знаат дека бактериите кои се наоѓаат во устата можат да отидат и во други делови на телото и таму да предизвикаат здравствени проблеми.

Проблемите со срцето веќе се поврзуваа со една од бактериите во усната празнина, а новото истражување покажа дека една друга бактерија може да биде причина за предвремено породување.

- Во устата се наоѓа еден сложен екосистем. Во изминатите 40 години, биолозите кои се занимаваат со проучување на усната празнина анализираа повеќе големи заедници на микроби кои живеат на забите, непцата и јазикот, се вели во написот на магазинот.

Штетните бактерии најмногу проблеми предизвикуваат во самата усна празнина. Доколку овие бактерии нападнат и ги победат корисните, тогаш доаѓа до создавање на кариес, крвавење на непцето и лош здив.

Истражувачите се надеваат дека со проучување на овие бактерии ќе можат да придонесат за изработката на средство за измивање на усната празнина, кое ќе ги уништува штетните бактерии, а нема да им наштети на корисните.

 

Copyright © 2009 selotejp.com