-->

Еден автомобил извлекле од фонтана, друг влегол


Најблаго речено, необична сообраќајна несреќа се случи во германскиот град Штадпроцелтен. Автомобилот летал околу триесет метри за на крај да заврши на покривот од гимнастичка сала. И тоа не е се!

Несреќата се случила кога возачот се обидел на заврти десно на другиот пат, но поради неприлагодена брзина свртел на железничката пруга која во случајов послужи како платформа за скокање.

Во полицискиот извештај стои дека возилото летало дури триесет метри и слетало на четири метри високиот покрив на локалната спортска сала. 23-годишниот возач се здобил со тешки телесни повреди и се наоѓа в болница.

Но, тоа не е се од германските шофери. Познатиот берлински плоштад “Постдамер“ во саботата беше место на две автомобилски несреќи, кои завршија во фонтана!

Во првото возило, имало четири лица, а возачот изгубил контрола поради силниот дожд и завршил во фонтаната. Никој не е повреден, но пожарникарите одвај успеале да го извлечат автомобилот.

И токму во тој момент, друг автомобил влезе внатре. Пожарникарите уште еднаш мораа да се фатат за работа. За разлика од првиот, вториот возач, автомобилот го имал позајмено од негов пријател и немал возачка во себе.


 

Copyright © 2009 selotejp.com