-->

Втора еден-два победа за Браун сезонава


Втор пат сезонава тимот на Brown GP се радуваше на еден-два победа. Четврта победа на Батон сезонава во пет трки или петта вкупно во кариерата.

На трката во Катаљуња, Шпанија, одличен старт имаше клупскиот колега на Батон, Рубенс Барикело кој од третата позиција дојде на првата, но поради лошата пит-стоп стратегија (три запирања) мораше да се задоволи со второто место. Батон имаше две запирања во боксот и тоа беше клучно за победа и негова доминација сезонава.

Марк Вебер од Ред Бул заврши како 3-ти и си обезбеди место на подиумот за прв пат сезонава. Неговиот клупски колега, Себастијан Фетел единствениот кој му зеде победа на Батон и негов главен конкурент за титулата денеска заврши како четврти.

Алносо беше петти, а ланскиот вицешампион Маса ги освои своите први поени сезонава со завршувањето на 6-то место.

Бодови освоија уште и Германците, Ник Хајфилд од БМВ и Нико Розберг од Вилијамс.

На почетокот, веднаш по стартот излезе возилото за безбедност поради судирот на повеќе болиди. Во тој судир учествуваа: Трули, Боуеми, Сутил и Бурде.

Раиконен се откажа во 17-от круг поради проблеми со возилото, а Маса можеше да заврши 4-ти, но поради лошата пресметка на неговиот тим во последните два круга мораше да штеди на гориво и затоа возеше побавно.

Генерален пласман:
1 Jenson Button GB Brawn-Mercedes 41
2 Rubens Barrichello Brz Brawn-Mercedes 27
3 Sebastian Vettel Ger Red Bull-Renault 23
4 Mark Webber Aus Red Bull-Renault 15.5
5 Jarno Trulli Ita Toyota 14.5
6 Timo Glock Ger Toyota 12
7 Lewis Hamilton GB McLaren-Mercedes 9
8 Fernando Alonso Spa Renault 9

 

Copyright © 2009 selotejp.com