-->

Ќе се снима ново продолжение на Бетмен

Доколку може да им се верува на ветувањата на актерот Кристијан Бејл, Бетмен ќе добие ново продолжение. По одличниот "Темниот Витез", Бејл на публиката и ветува уште подобро продолжение.

Актерот Кристијан Бејл, попознат како Брус Вејн - Бетмен, им вети на фановите дека новото продолжение на овој популарен филм ќе биде уште подобро од "Темниот Витез".

"Има луѓе кои ми велат дека нема шанса да направам и трето добро продолжение на Бетмен. А јас ви велам вам, ајде да им покажеме дека може", изјави Кристијан, кој со договор се обврза на снимање на трето продолжение на Бетмен, додека режисерот Кристофер Нолан сеуште го нема потпишано.

"Морам да признаам дека фактот што јас морам да го снимам филмот, дека потпишав, а дека Крис нема потпишано ме загрижува. Морам да признаам дека сум загрижен доколку не се согласи да го сними новото продолжение. Но, мораме да направиме добра приказна, бидејќи не можете да направите филм како "Темниот витез" и по него да излезете со нешто разочарувачко", беше искрен Бејл.

 

Copyright © 2009 selotejp.com