Парите ви го чуваат здравјето
Парите можеби не можат да ви купат среќа, но очигледно дека ти се клучот за здравјето во поодминатите години од животот.
Сиромашните и лицата кои се помалку образовани умираат порано или пак многу побрзо развиваат некоја болест за разлика од оние кои се подобро ситуирани и поквалификувани, покажа последното истражување, финансирано од британската влада.
Студијата исто така покажа дека лицата кои одлучуваат порано да се пензионираат живеат подолго и имаат подобро здравје.
Новото истражување ќе ја продлабочи загриженоста за идната благосостојба на старите лица, особено во време кога бројот на старата популација постојано расте. Ваквата состојба веројатно ќе придонесе за колапс на пензискиот систем, што ќе резултира со рестрикција на висината на пензиите.
Анализата покажа дека лицата кои имаат пониско образование и се посиромашни најчесто се депресивни, страдаат од висок крвен притисок, дијабетес и прекумерна телесна тежина. Студијата се базира на серија истражувања во кои учествуваа 12.000 постари лица на возраст од 50 до 60 години.
-Лицата кои порано се пензионираат имаат подобро здравје и благосостојба, освен во случаите кога лицата биле принудно предвремено пензионирани. Оние кои биле принудени да се пензионираат генерално гледано имаат полошо ментално здравје отколку оние кои нормално се пензионирале. Лицата пак кои работеле до крај на законски пропишаниот рок за пензионирање имаат послабо ментално здравје од оние кои пак доброволно одлучиле порано да се пензионираат, покажа студијата.
Истражувањето исто така посочи дека постарите лица кои се вклучени во хуманитарни и доброволни акции се многу поздрави од оние кои немаат вакви активности.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)