SkyTec Interactive работи на сличен принцип како и Nordic Track машината со таа разлика што ви овозможува да се навалувате од една на друга страна, симулирајќи скијање.
Интересно е што машината исто така може да симулира нерамнини на патот, со што ќе ви даде чувство на вистински спуст. Дизајнерите велат дека машината со своите симулации едноставно ве подучува како би требало да ги држите нозете на различни делови на теренот.
Доколку не знаете да скијате или пак се уште не сте толку вешти, тогаш SkyTec Interactive од вас би можел да направи вистински олимпиец.