-->

Наједноставно радио на светот

Радио апаратите се релативно евтини за изработка, што на дизајнерите им остава многу простор и можност за обликување на куќиштето. Одлично осмислен дизајн понуди Валентин Воден, кој успеа да дизајнира апарат без ниту едно копче.

Антената е поставена така за со неа да се бираат станиците на скалата, додека звучникот се користи за вклучување и за одредување на јачината на тонот.

Особено логичната употреба на сите елементи ги сведе сите команди на минимум и овозможи одличен декор во секој простор.

На прав поглед тешко дека ќе претпоставите дека ова е радио уред, бидејќи се што се гледа е антената во благо закривеното цилиндрично куќиште.

 

Copyright © 2009 selotejp.com