-->

Алкохолот го продолжува животот

Половина чаша вино на ден може да ви го продолжи животот за речиси пет години, покажа истражувањето на холандските научници.

Студијата покажала дека лицата кои секојдневно пијат по половина чаша вино, живеат 4,5 години подолго од оние кои воопшто не пијат алкохол. Лицата пак кои пијат по две чаши вино, две кригли пиво или по две чашки ракија во просек живеат две години подолго од оние кои воопшто не пијат.

Преголемото консумирање алкохол го намалува животниот век, но и неконсумирањето велат холандските научници.

Истражувачите од холандскиот „Wageningen“ универзитет го следеле животниот стил на 1.373 Холанѓани, родени меѓу 1900 и 1920 година. При анализата научниците предвид ги зеле навиките за пиење, пушење, исхраната, како и индексот на телесната маса појавата на инфаркт, удар, дијабетес и рак.

Студијата покажала дека виното најмногу се поврзува со намалениот ризик за смрт, без разлика која и да е здравствената причина.

-Лицата кои консумираат поголеми количини алкохол треба да намалат – една до две чаши дневно и по можност тоа да е вино. Само умреното консумирање алкохол има заштитен ефект врз срцето на средовечните мажи, велат експертите.

Анализите покажале дека алкохолот може да ја намали смртноста за 36 отсто доколку во текот на денот се консумираат по 20 грама.

Најдобри резултати од алкохолот дало виното. Црвеното вино било најдобро за сопирање на процесот на таложење маст на артериите. Лесните алкохолни пијалоци се покажале како најдобри за заштита на срцето, веројатно поради фактот што го зголемуваат нивото на „добриот“ холестерол, а го спречуваат затнувањето на крвните садови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com