-->

Природно против воспаленијата

Воспалението на мочните канали и мочниот меур се еден од најчестите воспалителни процеси кои можат да ви се случат, а во 80 отсто од случаите причина за оваа појава е бактеријата E. coli. Постојат и други бактерии кои можат да предизвикаат воспаление, а вирусите исто така можат да создадат уриноинфекција, посебно на мочниот меур.

Иако за лечењето најчесто се користат антибиотици, во многу случаи алтернативната, народна медицина може да го реши истиот проблем.

Воспалението е проследено со често мокрење, чувство на пецкање, отежнато уринарење, зголемена температура, дијареја, крв во урината, болки во долниот дел на половината... Во нормални случаи телото и само може да се излечи од инфекцијата. Сепак во случаи на ослабен имунитет, доколку не се лечи, може да се прошири на мочниот меур и да премине во хронична состојба. Во некои случаи дури може да ја наруши работата на бубрезите.

Лекување

Воспалението е тесно поврзано со вашиот имунитет. Силниот имунитет помага во спречување на воспалението и придонесува за побрзо лекување. Затоа особено е важно да земате витамин Ц, кој ја подига природната отпорност на организмот. Лекарите препорачуваат дневно да се зема барем 100 милиграма витамин Ц.

Брусница – многумина јадат погрешна храна додека страдаат од некоја инфекција. Храната со висок процент на „киселина“ само ги влошува симптомите, поради што треба да се избегнува. Во оваа група на храна спаѓа кафето, чоколадото, соковите, портокалите, ананасот, јагодите, доматите, виното, газираните пијалаци, јајцата, павлаката... Се препорачува урамнотежена исхрана со висок процент на влакна кои ќе помогнат за полесно „исфрлање“ на микроорганизмите. Исто така, се препорачуваат и чаевите против воспаление на мочните канали, како на пример увин чај и секако јадете брусница, пијте сок или чај од брусница која содржи хемикалија што ги уништува бактериите.

Пробиотиците се микроорганизми кои ја штитат слузницата на цревата и спречуваат размножување и делување на лошите патогени бактерии. Во последните неколку години млечната индустрија се повеќе лансира млечни производи кои содржат пробиотици.

 

Copyright © 2009 selotejp.com