-->

Го зголемил пенисот, па после месец дена се предомислил

Само месец дена откако 40 – годишниот Русин го зголемил пенисот за 10 см се вратил во клиника и ги молел докторите да му ја вратат оригиналната големина - 15 см.

Несреќниот Константин Ф. (40) дошол во московската клиника за пластична хирургија жалејќи се на својот премал пенис. Тој сакал да ја зголеми својата машкост од 15 на 25 сантиметри. Докторите се обиделе да го убедат дека неговиот пенис е со идеална големина, предупредувајќи го дека можеби нема да биде задоволен со резултатите од операцијата. Но Константин не сакал да се откаже од идејата. После две успешни операции тој заминал среќен дом и скоро дупло поголем. Меѓутоа за помалку од месец дена тој се вратил во клиниката и побарал да му го намалат пенисот.

“Кажа дека ниту една жена повеќе не сака да биде со него. Доаѓаше неколку пати и не преколнуваше да му го вратиме пенисот во неговата оригинална големина, ветувајќи дека никогаш повеќе нема да биде така глуп. “- рекол еден од докторите.

Меѓутоа Конатанстин ќе мора да почека од 6 до 8 месеци.

“Да може да се зголемува мозокот би му го понудиле зафатот бесплатно.“ - додал докторот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com