Кога сте заедно со него покажете му дека е сакано и важно за вас.
Вашето дете ја мери својата вредност врз основа на она што го мислите за него. Секогаш кога ќе направи нешто добро речете му ,, Многу добро, тоа беше тешко но ти успеа”. Кога ќе направи некоја грешка или пак кога ќе се разочара посоветувајте го дека грешките се составен дел од животот. Не барајте од него да биде ваша верна копија бидејќи тоа е мал човек кој што и покрај своите години има сопствени чувства и размислувања.
Вежбајте активно слушање. Кога го слушате своето дете, слушајте внимателно и повторете го тоа што ви го кажало. Дадете му причина да продолжи понатаму и обидете се да разберете што сака да ви каже. Најголемиот дел од современите родители го слушаат тоа што сакаат да го чујат или пак воопшто не обрнуваат внимание. Не лажете се, вашето дете може да забележи кога вистински сте заинтересирани за тоа што го зборува, а кога глумите заинтересираност.
Поттикнете го да ги покаже своите емоции. Понекогаш детето е збунето кога се соочува со определени чувства. Наместо да го игнорирате, седнете со него и зборувајте за тоа што го мачи. Како добар родител треба да го поттикнете вербалното изразување на неговите чувства.
Критикувајте го однесувањето, а не детето. Родителите најчесто паѓаат во замката на овие два поима па го критикуваат детето, а не неговите постапки. Така наместо да му кажат ,, Тоа што го правиш не е правилно”, поголемиот дел од нив користат фрази од типот на ,, Колку си неспособен/на “ или ,,Ништо не сфаќаш”. Тоа влијае врз психолошката состојба на детето и може да остави длабоки последици врз подоцнежниот живот.
Почитувајте ги неговите интереси. Можеби покрај многуте обврски не сте заинтересирани за приказните на вашето дете бидејќи истите и не ви се многу важни. Но сепак не е така. Научете како да го слушате додека ви зборува за својот училиштен ден и за неговите пријатели.
Поттикнувајте ја неговата независност. Охрабрете го своето дете да ризикува и искусува нови нешта. Успехот ќе ја зголеми неговата самодоверба, а воедно ќе насочи како да учи од своите грешки. Поттикнете ги неговите таленти но секогаш до онаа мерка до која што тоа е подготвено да оди. Никогаш не вршете притисок врз него да направи нешто што не му е својствено.