Авторот на студијата др. Бјанка Вејнсток Гатман вели дека заболените од мултипла склероза треба да проверат какво им е нивото на HDL холестеролот и во случај да е низок, да се обидат да го зголемат со промена на исхраната и медицинските средства, на пример со земање статини и омега-3 препарати, кои го зголемуваат нивото на HDL-от.
Тврдењата на американските научници се темелат врз резултатите од анализата на клиничките и демографските податоци, како и податоците за нивото на HDL кај 186 заболени од мултипла склероза на возраст од околу 50 години.
Утврдено е дека нивото на HDL холестерол кај пациентите со најголем степен онеспособеност било двапати пониско, отколку кај лицата кои во помала мера биле физички онеспособени.
HDL холестеролот, освен што ги спречува кардиоваскуларните болести, корисен е и за превенција на хроничните воспаленија. Според прелиминарните анализи, користењето на статини и омега-3 препарати позитивно се одразува врз здравјето на болните од мултипла склероза, нагласува др. Вејнсток-Гатман.