-->

Мобилен за (несмасни) авантуристи


Samsung B2100 попознат под називот Niagara (а на некои пазари и како Xplorer) е мобилен телефон чија најистакната особина е отпорноста на надворешни влијанија - на удари и вода до длабочина од еден метар.

Куќиштето обложено со гума го штити од гребаници, удари, падови и не им дозволува на прашината и течностите да продрат до чувствителната електроника. Отпорноста на вода е функционална до длабочина од еден метар и траење до 30 минути.

Во поглед на функционалноста, B2100 нуди само основа во однос на конкуренцијата. Се работи за 2G мобилен телефон и екренот му е со резолуција од 120 х 160 пиксели. Има вградена камера со резолуција од 1.3 мегапиксели, Bluetoоth и радио приемник со RDS функција.

 

Copyright © 2009 selotejp.com