Еден американски град овие денови се бори со наездата од скакулци со помош на емитување на гласни хард рок песни.
Жителите на градот Тускарора во американската сојузна држава Невада, ги изнесоа своите стерео приемници, ги наместија на локалната рок радио станица и го пуштија звукот на максимум.
Тоа е единствениот начин за справување со многуте скакулци кои што го напаѓаат нивниот град. Според локалните весници жителите се обиделе со различни музички стилови но очигледно најприфатлив бил хард рокот.
Секоја година градот Тускарора е прекриен со големи роеви скакулци кои се во потрага по храна. Бидејќи при газењето на овие штетници се ослободува неподнослива миризба, жителите решиле дека е крајно време да преземат нешто.