-->

Македонија Ѓ.П. е новиот македонски фудбалски шампион

Македонија Ѓорче Петров е шестиот фудбалски шампион во самостојна Република Македонија.

Се исполнија очекувањата дека дербито на Градски од 30. коло ќе се претвори во пресметка на стариот и новиот првак.

"Лавовите" од Ѓорче Петров остварија недостижна предност на табелата во однос на останатите екипи во Првата фудбалска лига на Македонија и имајќи предвид што се' се случуваше во досегашниот дел од првенството сосема заслужено, на три кола пред спуштање на завеста на домашните фудбалски терени ја прославуваат титулата.

Вчерашниот меч беше само увертира пред финалето од националниот Куп, во кој на 24-ти мај истите актери, но веруваме, со многу поразлични мотиви, ќе излезат на мегдан.

Многу значајни бодови во дербито од самото дно на табелата освои Пелистер и тоа во дуелот единствената екипа во лигата која има помалку бодови од "зелените". Вчерашниот пораз го доведе кичевскиот тим на прагот од промоција на единствената екипа која директно од следната сезона се сели во понизок ранг на натпреварување.

Хоризонт Турново пред своите гледачи ги подели бодовите со гостинот од Скопје, екипата на Металург, додека интересен натпревар, на кој без постигнати дури пет гола одиграа Милано и Силекс. Славеа Кумановци пред се благодарение на хет трикот на Глигоровски, додека два гола за кратонскиот тим постигна Ступиќ.

Ренова завчера одигра без голови на Градски против Вардар. Стрелците потфрлија, а на второто реми во четвртиот меѓусебен натпревар сезонава на Вардар и на Ренова, најмногу се израдува Македонија Ѓорче Петров. По седмиот нерешен резултат на 14. гостување, тимот од Џепчиште и теоретски се дистанцира од можноста да го напаѓа шампионскиот пехар, а тоа важи и за Вардар кога е во прашање обидот да се нападне третата позиција на Милано.

Резултати, 30 коло, прва лига:

Пелистер - Напредок 3:1
Работнички - Македонија ЃП 0:1
Хоризонт Турново - Металург 1:1
Милано - Силекс 3:2
Вардар - Ренова 0:0

Табела:
1. Македонија ЃП 59 бодови
2. Ренова 49
3. Милано 49
4. Вардар 40
5. Работнички 38
6. Хоризонт Турново 33
7. Силекс 32
8. Металург 29
9. Победа 28
10. Пелистер 27
11. Напредок 21

 

Copyright © 2009 selotejp.com