Играта на Ријана со нејзиниот фото апарат заврши на интернет. Прстот е вперен кон Крис Браун, кој е најверојатно главен виновник.
На фотографиите може да се види апсолутно се. Ријана сама се фотографирала и сликите, на кои се гледа дури и нејзиниот пирс на левата града, му ги испратила на својот дечко Крис Браун.
19-годишниот Браун пред неколку месеци ја претепа Ријана, а тогашните фотографии со неа го згрозија светот.
По тоа Ријана реши да заборави на него и утеха побара во други фраери.
Тоа најверојатно навистина го налутило Крис Браун, кој објавувајќи ги овие фотографии сакал на светот да му покаже дека Ријана воопшто не е невина девојка.