-->

Челзи води на полувреме со фантастичен гол на Есиен

Фудбалерите на Челзи имаат водство од 1:0 против Барселона во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Каталонците дојдоа на Островот полни со самодоверба дека ова е нивна сезона. Кога некој на „Бернабеу“ ќе товари шест гола, се очекува дека за него пречка нема. Но, Челзи игра дома, а тоа е предност, иако не мора да биде решавачка. Но сепак „сините“ имаат водство од 1:0 на полувремето.

Во 9. минута, по една среќно одбиена топка од грбот на Јаја Туре, со фантастичен удар од околу 25 метри Есиен ги донесе фудбалерите на Челзи во водство.

Челзи продолжи со одличните акции и шанси да постигне и втор гол, Дргба имаше одличен шут во 19. минута потоа и Тери по нафрлената топка од корнер биеше непрецизно со глава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com