-->

Сопругата Вероника бара развод од Берлускони

Вероника Ларио, сопругата на италијанскиот премиер, Силвио Берлускони, побарала развод, порафи огорченоста од неговиот однос кон семејството, пишува италијанскиот печат

“Вероника, збогум Силвио, одвлучив, барам развод“, пишува на насловната страница на Република“ и “Вероника одлучи: Збогум Силвио“, на насловната страница на Ла Стампа. Двата дневни весници пишуваат дека сопригата на Берлускони побарала адвокат во кого има доверба и дала упатства за брзо покренување постапка и за окончување на бракот.
Ларио, неколкупати јавно го критикуваше Берлускони, осовено за неговиот однос кон млади девојки.

“Мојот брак заврши. Не можам да останам со мојот маж кој се занимава со малолетнички, наводно и изјавила Ларио на една нејзина пријателка. Вероника била разочарана од неодамнешното присуство на Берлускони на прославата на 18-от роденден на една непозната девојка од Неапол.

Пред три дена Ларио остро го нападна Берлускони поради одлука на кандидатската листа на неговата партија Народ на слободата за изборите за членови на Европскиот парламент да се најдат и неколку млади старлети. По тоа девојките се откажаа од кандидатурата. Берлускони и Ливио се во врска од 1980 година. Се венчаа дури десет години подоцна, откако се разведоа од нивните претходни сопружници. Тие имаат три деца, ќерките Барбара (24) и Елеонора (22) и сонот Луиџи (20).

 

Copyright © 2009 selotejp.com