-->

При пад од планина, загина поранешниот претседател на Јужна Кореа

Поранешниот претседател на Јужна Кореја Ро Му-хјун загина денеска при пад во бездна додека се искачувал на еден планински врв, но полицијата истражува дали тој животот го загубил во нереќен случај или станува збор за самоубиство.

Шеесет и две годишниот Ро Му-хјун изутринава заминал да планинари во близина на неговата куќа во друштво на негов близок соработник. Подоцна е пронајден со тешки повреди на главата и тој почина во болницата во местото Бусан.

Поранешниот претседател беше под истрага поради вмешаност во корупциски скандал. Тој беше осомничен дека додека бил претседател богат локален бизнисмен им дал еден милион долари на неговата сопруга и пет милиони долари на други членови од неговото блиско семејство.

Ро Му-хјун призна дека неговата сопруга ги зела парите од богат локален бизнисмен, кога тој бил на власт и јавно за извини за тоа. Сепак тој демантираше дека лично извршувал какви било злоупотреби, нагласувајќи оти додека бил претседател не знаел дека жена му ги примила парите.

Ро Му-хјун минатиот месец беше сослушан од обвинителството во Сеул во врска со случајот.

Полицијата соопшти дека води истрага дали тој загинал во несреќен случај или се самоубил. Според јужнокорејските медиуми, кои го цитираат неговиот адвокат, Ро Му-хјун оставил писмо, во кое ја објавил намерата да се самоубие.

Ро Му-хјун беше претседател на Јужна Кореја од 2003 до 2008 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com