-->

Се му пречи на Златан кога губи

Напаѓачот на Интер, Златан Ибрахимовиќ, изјавил дека со задоволство би го напуштил клубот и би си ја пробал среќата во некој друг шампионат. Тој исто така се пожали дека во Интер воглавно се игра на долги топки кон противничкиот казнен простор, што нему не му одговара и ја прави играта еднолична.

Тренерот на "нероазурите", Жозе Мурињо на својата ѕвезда и одговори веќе на следната пресконференција за новинарите:

"Оваа година одигравме педесетина официјални мечеви и веројатно едно 1.000 натпревари на тренинзите. Дали знаете колку пати го видов Ибра задоволен? Само кога победуваше. Кога случајно нема да победи во меч '4 на 4' на тренингот тоа е или грешка на судијата, голамнот, тревата, топката која не е доволно напумпана, камерите на Интер Каналот кои се зад голот или сонцето кое е веќе прениско на хоризонтот.

Кога победува, тогаш ништо не му пречи. Сега има некои коментари по поразот од Наполи и по елиминацијата од Лигата на Шампионите и Купот на Италија. Драго ми е што така се однесува бидејќи тоа покажува дека сака да победува и дека е амбициозен" - изјавил Мурињо.

 

Copyright © 2009 selotejp.com