-->

Кетрин Зета-Џонс како Сузан Бојл

Преубавата актерка, Кетрин Зета-Џонс објави дека сака да ја глуми новата пејачка ѕвезда, неугледната домаќинка Сузан Бојл. Кетрин наводно започнала да се распрашува за животот на неодамна откриената пејачка ѕвезда, 47 годишната скромна и неугледна Сузан, која ги остави без здив публиката и жирито во телевизоското шоу „Britain’s Got Talent“.

- Тоа е само едно од бројните барања кои ги добивме за филм во кој ќе се раскаже нејзината приказна, изјави добро упатен извор.

За филм за животот на Сузан Бојл неодамна се заинтересира и познатиот режисерот Џејмс Камерон.

- Сите сакаат да имаат нешто со неа. Сузан е главна ѕвезда во овој момент, изјави гласноговорникот на Бојл кој додаде дека нема коментар за интересот на Камерон.

Додека 39 годишната Кетрин редовно се вбројува во најубавите жени на светот, Сузан во Британија е позната под новиот прекар, „Hairy agel“, поради нејзината коса. Ако Џонс ја добие улогата, ќе биде интересно да се види како ќе се вклопи во изгледот на Бојл.

 

Copyright © 2009 selotejp.com