-->

Серија земјотреси во светиниколско

Серија земјотреси со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала се регистрирани вчера и денеска 50 километри југоисточно од Скопје, односно од светиниколското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Во Свети Николе и околината, изутрината се почувствувани два земјотреса - во 3 часот и една минута со интензитет од четири до пет степени и во 5 часот и 32 минути со интензитет од пет степени.

Земјотреси во Светниколско беа регистрирани и вчера во 18 часот и 11 минути со интензитет од четири степени и во 19 часот и 39 минути со интензитет од четири до пет степени.

 

Copyright © 2009 selotejp.com