Гени поврзани со ширење на ракот на дојка
Американските научници од медицинскиот институт „Howard Hughes“ идентификуваа три гена поврзани со метастазирањето на ракот на дојка.
Станува збор за гените COX2, HB-EGF и ST6GALNAC5 кои влијаат врз шансите за настанување метастази во мозокот и тоа неколку години после хируршкото отстранување на туморите на дојката, објави магазинот „Nature“.
Претходните истражувања покажаа дека гените COX2 и HB-EGF се вклучени во развојот на метастази во белите дробови, но сега за првпат е утврдено дека ST6GALNAC5 генот предизвикува хемиска реакција која е поврзана со настанувањето на нов површински слој клетки на карцином на дојка. Овој ген исто така му овозможува на канцерот да се пробие до мозокот.
Научниците се надеваат дека нивната студија ќе помогне за подобро разбирање на процесот на појавување метастази како и за полесно откривање нови лекови.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)