-->

Протест на новинарите против политичките и бизнис притисоци

Новинарите од печатените и електронските медиуми, фоторепортери, камермани и медиумки работници утре во 11:55 минути на Плоштадот Македонија ќе протестираат за достоинство на новинарската професијата и против притисоците на политичарите и бизнис елитата.


Во последниве две години во Македонија има над 160 кривични пријави за клевета и навреда.
Во Извештајот за 2008 година на невладината организација Фридом Хаус, што е објавен спроти одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, Македонија го дели 98-то место по слободата на медиумите со Босна и Херцеговина. Медиумите во Македонија се уште се оценуваат како 'делумно слободни'.
Се огласи и Иницијативниот одбор за реформа на Здружението на новинарите со апел до политчките и бизнис елитите да го ослободат зборот на новинарите.
"Во изминатиов период имаше зачмаеност во ЗНМ. Ние поддржани од 300 новинари се залагаме да се менува системот на дејствување на ЗНМ. До крајот на мај ќе предложиме да се свика ново вонредно собрание за избор на нови тела и органи на ЗНМ, кои преку своето дејствување ќе придонесат за сигурност, достоинство и респект на новинарската професија", вели Александар Чомовски, член на Иницијативниот одбор за реформа на ЗНМ.

 

Copyright © 2009 selotejp.com