-->

Гудјонсен: Си одам од Барселона


Фудбалерот на Барселона, Ејдур Гудјонсен најверојатно ова лето ќе го напушти каталонскиот клуб. Ова тој го изјавува во интервјуто за исландскиот весник Morgunbladid, во кое кажува дека не е задоволен со тоа што не е во првиот состав.

“Се разбира дека сум среќен што мојот тим се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, но исто така неможам да кријам дека сум несреќен поради мојот статус во Барселона. Можам да соопштам дека ова изгледа е мојата последна сезона со Барселона.“

“Не го разбирам мојот статус во тимот, сето тоа се измени набрзина, навистина мислам дека работам добро за да изборам место во стартниот состав. Тешко е да се проголта тоа.“

“Ќе си ги разгледам опциите за наредната сезона. Многу веројатно е тоа да биде уште еден голем клуб, но исто е веројатно дека нема да одберам уште еден клуб во кој ќе бидам на клупата.“

Гудјонсен кој има 30 години, во 2006 премина од Челзи каде претходно играше 6 сезони како напаѓач. Сезонава одигра 14 натпревари како стартер и 15 како замена, притоа постигна 4 гола.

 

Copyright © 2009 selotejp.com