-->

Слаб одзив на странски туристи во Македонија

Минимален е порастот на странските туристи во Македонија годинава во однос на лани.

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во март 2009 во однос на истиот месец минатата година е зголемен за 17,8%, а странски туристи има само за 4,5% повеќе.

Туристичките работници сметаат дека Македонија има туристички потенцијал, но нема вистинска промоција. Постои и дилема дали оваа сезона треба да се ориентираме кон европските или да се фокусираме на привлекување туристи од околните земји.

- Туризмот е една многу доходовна гранка, на која што и е потребен посебен вид на промоција. Со самото тоа што Македонија ќе се најде на пример на еден каталог на Хилтон во каталог на еден познат ланец на хотели, автоматски тоа ни е виза за да дојдат туристи во нашата земја. Но, покрај Владата, на промоцијата треба да работат и хотелските организации и тоа на долг рок, а не само да гледаат како да заработат во моментот - вели Снежана Јовановска од туристичката агенција Орфеј.

Со Програмата за развој на туризмот за 2009-та година, за оваа гранка од Буџетот се издвоени околу 600 илјади евра. За зголемување на туристичката понуда се наменети околу 10 илјади евра.



 

Copyright © 2009 selotejp.com