-->

Кира Најтли врската ја одржува преку интернет

Кира Најтли и нејзиното момче Руперт Френд својата врска ја одржуваат со помош на интернет и веб камера. Младата симпатична актерка откри дека и било ужасно тешко бидејќи е раздвоена од Руперт, па поради тоа започнале со користење на модерна технологија за да останат во контакт.

- Не знам многу за компјутерите, но мислам дека сега не би можела да живеам без нив. Секојдневно го користам Skype, а моето слободно време го поминувам пред камерата. Се навикнав на ваква врска и не ми е проблем кога гледам дека Руперт глуми покрај убави девојки. Знам дека тој ме сака само мене и едвај чекам да се видиме, изјави Кира.

На изјавата на Најтли се надоврза и Руперт кој рече дека е романтичен тип и дека не му е сеедно што со својата љубена мора да разговараат со недели преку интернет.

- На почетокот ми беше многу чудно. Потоа се навикнав, но за мене писмата се поубав начин за поврзаност од интернетот. Сакам да отпатувам на море и да пишувам писма, но бидејќи мојот ракопис е ужасен, морав да се навикнам на Skype, додаде Френд.

Неодмана холивудската двојка имаше криза во врската, но очигледно дека сега двојката е во цутот на љубовта.

 

Copyright © 2009 selotejp.com