Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека со лидерите на Авганистан и Пакистан, Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари, заклучиле дека нивна заедничка цел е разоружување и пораз на Ал Каеда и нејзините екстремистички сојузници.
-САД презедоа обврска да ја поразат Ал Каеда, но и да ги поддржат демократски избраните влади на Авганистан и Пакистан, рече Обама во Белата куќа, по средбата со двајцата претседатели, пренесоа светските агенции.
Тој додаде дека очекува уште „насилства и препреки“ во борбата против исламските екстремисти, истовремено ветувајќи ја поддршката за двете држави.
Во Авганистан се потребни уште војници и средства, додаде Обама, нагласувајќи го и значењето на ангажманот на НАТО.
Обама истакна дека САД ќе стори се што е во нејзина моќ, во тесна соработка со двете земји, да се избегнуваат цивилните жртви во Авганистан и Пакистан.
-САД трајно се обврзаа дека ќе ја пораат Ал Каеда, рече Обама. „Оваа поддршка нема да попушти и таа ќе трае. Без разлика што ќе се случи, нас тоа нема да не одврати или застраши“, истакна американскиот претседател.