-->

Фармер во Канада си ги заразил свињите

Новиот вирус повторно изненадува. Фармер од Канада ги заразил свињите на фармата на која работи, откако предходно престојувал во Мексико. Канадските власти велат дека и работникот и животните закрепнуваат.

Претставник на канадската агенција за инспекција на храната изјави дека е мала можноста животните да ја пренеле заразата на човекот, иако Светската здравствена организација, претходно објави дека вирусот од свињите не може да се пренесе на луѓе и оти консумирањето свинско месо не претставува опасност.

Од вчера и Јужна Кореја, Италија и Ирска се придружија кон земјите каде е потврден свинскиот грип. Пренесувањето на заразата од човек на човек е потврдено во шест земји, но за разлика од Мексико, сите други случаи во светот не се толку сериозни.

Светската здравствена организација според најновите податоци, објави 20 смртни случаи и 787 заболени. Во жариштето на болеста Мексико досега се регистрирани 506 заболени и 19 починати. Неодамна беше објавено од Светската здравствена организација дека нема потреба од воведување на рестрикции и откажување на линии, но и покрај тоа некои одредени авио компании привремено ги откажаа своите летови за Мексико, поради стравот од вирусот.

Споменатото шесто ниво на опасност, ќе се воведе откако ќе се докаже дека вирусот се раширил надвор од подрачјето на Северна Америка. За експертите тоа е многу извесно, но според нив ,треба да постои надеж дека сепак нема да дојде до тоа.

Министерот за здравство во Мексико, Хозе Ангел Кордова, ја смири јавноста со изјавата дека ширењето на вирусот опаѓа.

"Секој ден гледаме се помалку сериозни случаи, па според тоа опаѓа и смртноста“, изјави министерот за здравство на Мексико.

Министерката за надворешни работи на Мексико, ја критикуваше Кина за преземањето на не праведна акција против мексиканскиот народ.

"Особено сме загрижени за Кина, каде мексиканците без знаци за болест, сепак се изолирани под не прифатливи услови. Ова е дискриминирачки".

Кинеските власти затвориле педесетина здрави Мексиканци во карантин стравувајќи од ширење на новиот вирус. Мексиканците, кои во најголем број се деловни луѓе и патувале преку Кина, се задржани во хотелите и другите установи во неколку кинески области, меѓу кои е и Хонг Конг.

 

Copyright © 2009 selotejp.com