-->

Санкање низ вулкан

Најмладиот активен вулкан во Централна Америка, Церо Негро во Никарагва, стана хит дестинација за сите љубители на санкањето на кои не им е доста од адреналинската забава.

Во понудата за излет на вулканот Церо Негро е вклучено 45 минутнокачување до врвот на активниот вулкан висок 726 метри, а потоа спуштање на посебно изработени шперплочи.

Санкачите во заштитни одела можат да постигнат брзина и до 80 км/ч.

И покрај фактот дека Церо Негро последен пат еруптираше во 1999 година, оваа адреналинска забава успеа да привлеќе повеќе од 10.000 посетители.

 

Copyright © 2009 selotejp.com