-->

Ултимејт Шек

"Шек е природно надарен борец!" - изјави Џонатан Бурк, тренер на комбинирани боречки вештини кој во изминатите десет години работеше како кондиционен тренер на Шекил О'Нил.

Искусниот 37-годишен NBA ветеран е уште еден од низата познати американски спортисти кои својата телесна форма ја одржуваат со тренирање на боречки вештини. Популарниот Шек е првиот кошаркар кој би можел да почне активно да си занимава со ултимејт фајт.

"Го научив на се' што можеше да се научи. Вежбавме класичен бокс, џуи-џитсу, тајландски бокс и борење. Шек е во одлична форма и ги обожава боречките вештини" - изјави Бурк, во чија вежбална во Орландо Шекил О'Нил редовно тренира вон сезоната.

"Се случува да работиме на 20 различни елементи. Секој од нив го одработува фантастично. Шекил има поголем талент за борба отколку што било кој би помислил", додаде Џонатан Бурк.

На прашањето кои би биле најсилните страни на неговиот ученик од 147 килограми и 216 сантиметри, Бурк го наведе убиствениот удар со колената и феноменалниот зафат на давење.

Досега професионално во рингот се испробаа и Мајкл Вестрбрук, поранешен NFL играч кој успеа да победи во својот единствен ултимејт фајт меч, како и Маркус Џонс - исто така бивш NFL играч кој по пензионирањето започна активно да се занимава со овој брутален спорт. Маркус џонс победи во четири настапи.

Но, дали Шек навистина сака да биде следниот?

"Додека се занимава со кошарка, не. По завршување на кариерата? Кој знае, никогаш не вели никогаш!", заклучи Бурк.

 

Copyright © 2009 selotejp.com