-->

Видео: Како бесниот Балак трчаше по судијата

Освен Drogba, казна од UEFA најверојатно ќе заработи и Michael Ballack Ballack заради својата реакција, т.е. хистеричното трчање по судијата и викање откако тој не досуди пенал за Челзи кога топката во шеснаесетникот ја погоди раката на Samuel Eto. Но, погледнете го видеото да се потсетиме.



Медиумите во Англија по ред пишуваат дека некои од ТВ станиците кои го пренесуваа натпреварот се извиниле за испадот на Дрогба пред камерите, а кој се однесуваше на судењето на Норвежанецот Tom Henning Ovrebo.

Сето тоа продолжило и во тунелот далеку од очите на јавноста. Drogba и натаму урлал и мавав со рацете кон судијата, а во тоа, според исказите на новинарите кои се затекнале таму, му се придружил и Ballack, па Ovrebo повторно истрчал на теренот.

На испадот на Ballack претходеше ситуација кога топката во казнениот простор ја погоди раката на Samuel Eto, а Норвежанецот не досуди пенал за Челзи. Ballack тогаш се залета на него и хистерично викаше и трчаше кон судијата барајќи да ја промени одлуката. Во сето тоа, би можел да биде казнен и клубот бидејќи не ги држи под контрола своите играчи.


“Секако, не може да се каже дека погрешната екипа отиде во финалето. Но, ако ги погледнете нашите две средби, а посебно оваа втората, ќе видите дека финалето го заслужувавме ние. Судијата не ни досуди четири пенала“, изјави лутиот Ballack.

Лондонската полиција во страв од одмазда после натпреварот на Overbo му го променила хотелот, а потоа и тајно го испратила од земјата. Наводно преку интернет тој веќе примил многубројни закани со смрт. И после речете дека фудбалот е само игра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com