-->

Новата водителка на Евросонг - сексипилната русинка Наталиа Водианова

Се шушкаа информациите дека на овогодинешниот Евросонг кој на 12, 14 и 16 ќе се одржи во Москва водителка ќе биде Мила Јововиќ, но сепак ништо од тоа. Имено, организаторите на Евросонг ги претставиле овогодинешните водители, а меѓу нив нема познати глумици или ѕвезди од филмот 'Петтиот елемент'.


Русите избрале два водителски пара. Полуфиналната вечер ќе ја водат Андреј Малаков и топ моделот Наталиа Водианова, една од ретките модели на чија убавина пред нозе и клекнуваат и најпознатите модни дизајнери и фотографи ширум светот.

Големото финале за избор на најдобра песна во Европа ќе се одвива под водителската палка на Алсоу, претставничка на Русија на Евросонг во 2000 година, и Иван Ургант. Иако сеуште не е официјално потврдено, првата полуфинална вечер би требало да ја отворат девојките од групата t.A.t.U.

Освен што ќе слушаме, поради руската манекенка Наталиа Водианова оваа година Евровизија ќе биде доста интересна и за гледање, посебно за машки очи, е комичниот коментар на организаторите.





























 

Copyright © 2009 selotejp.com