На денешната средба во Прага со лидерите на Азербејџан, Грузија, Турција, Туркемистан, Узбекистан, Казахстан, Египет и Ирак, ЕУ се очекува да изврши притисок врз нив, за да соработуваат за проширување на мрежата на повеќе гасводи, кои се простираат на илјадници километри, поврзувајќи го Истокот со Западот.
Целта на Европската унија е да ги присоедини осумте земји, богати со природен гас кон долгорочно партнерство, што може да им даде стабилни приходи во следните неколку години и би му обезбедило на Западот доставки на гас, заобиколувајќи ја Русија.