Словенија навлегува во фаза на дефлација, а словенечкиот печат алармира за опасност од пад на цените на стоките на пазарот.
Дефлацијата е економски феномен, при кој нивото на инфлација паѓа под нулата, како последица на што расте реалната вредност на парите и соодветно на тоа паѓаат цените на стоките и на услугите, производството, доходите и побарувачката.
Можно е централната банка да се вмеша и преку корекции на каматите на кредитите да ја засили ликвидноста на пазарот, сметаат набљудувачи во Љубљана.