-->

Чарлтон: Ова е најдобриот тим на Манчестер во неговата историја


Сер Боби Чарлтон ја пофали класата 2009-та на Манчестер Јунајтед како најдобрата што некогаш излегла од Олд Трафорд.

Легендата на “црвените ѓаволи“ кој ги водеше до првата европска титула во 1968 година, изјави дека не може да се засити гледајќи ги момците на Фергусон како играат.

После елиминацијата на Арсенал во Лигата на шамионите, беше полн со пофалфи за за тимот кој лани ја освои титулата во Англија и европската титула.

“Ова е најдобриот тим кој Јунајтед некогаш го имал, најверојатно и тоа е така."

“Може е различна играта сега и тогаш, но јас уживам во магијата која ја прават овие фудбалери.“

“Навистина е добро да видите дека и во вторникот многу навивачи од Арсенал ни аплаудираа.“

“Како само Фергусон ги сврте работите од само пред неколку недели, тоа е неверојатно, секоја чест.“ - изјави сер Боби Чарлтон за Сан.

 

Copyright © 2009 selotejp.com