-->

Направа за самоконтролирање на ХИВ-вирусот

Лицата кои живеат со ХИВ вирусот наскоро ќе можат сами да си ја следат здравствената состојба благодарение на направата која е слична на онаа која ја користат дијабетичарите.

Научниците од три најголеми научни центри во Лондон добија грант од 2 милиони фунти за да изработат уред кој ќе работи на принцип на земање крв од прст. Уредот има мал механички сензор кој го мери нивото на ХИВ-оти и напредувањето на болеста, по што го алармира пациентот дали треба да го посети докторот.

-Доколку пациентот заборави дека имал закажан третман или пак доколку имаат потреба итно да ја утврдат својата општа здравствена состојба, тоа ќе можат да го направат со оваа направа. Ова навистина ќе им помогне на пациентите со ХИВ-вирусот да го следат своето здравје и да ги посетуваат третманите, вели Ана-Марија Горети, еден од истражувачите кои работи на новата направа.

Наместо на секои три месеци или еден да го посетат специјалистот за рутинска контрола, сега тоа ќе можат да го прават дома. Посетата на докторот ќе можат да ја направат доколку нешто не е во ред.

Освен намалување на посетите на специјалистите, оваа направа ќе биде од голема корист за земјите во развој каде итно се потребни брзи и евтини начини за следење на здравјето на пациентите со ХИВ, велат научниците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com