-->

HD видео наскоро и на мобилните телефони

Произведувачот на чипови Renesas започна со испорака на интересен видео процесор SH-MobileHD1 наменет за употреба во широк спектар на уреди, од мобилни телефони до потрошувачка електроника.

Чипот поддржува кодирање и декодирање на HD видео материјали снимани во целосна резолуција (1.920 x 1.080 p) со 30fps и H.264 формат. Освен тоа, овој чип поддржува и Dolby Digital 5.1-канален звук, има HDMI излез, SD картици, модули за безжична мрежа и дигитални апарати со резолуција до 15 мегапиксели.

Процесорот поседува два 24-битна DSP за ефикасно репродуцирање на бараниот аудио и видео материјал, што значително го растоварува главниот процесор на мобилниот телефон. Во истиот пакет е интегриран и 512 MB DRAM меморија, а целиот процесор е голем 10 x 11 милиметри. Имајќи ги предвид димензиите слободно може да се каже дека е погоден за вградување во новата генерација smartphone телефони, но и за самостојните Blu-ray плеери и слични уреди. Работниот такт изнесува 500 MHz, а податоците за потрошувачката не се објавени.


 

Copyright © 2009 selotejp.com