-->

Памела и Шерон прогласени за најсекси мајки

Холивудските актерки Памела Андерсон и Шерон Стоун се избрани за најсекси сингл мајки. Двете докажаа дека и покрај многуте обврски и напорниот работен ангажман може да изгледаат одлично за своите години.

Оваа ласкава титула беше доделена од најголемите интернет страници за дружење каде мажите ги одбраа облините на русокосата Памела Андерсон, додека женскиот пол се определи за Шерон Стоун.

Според мислењето на гласачите овие жени докажале дека мајчинството не е изговор за запуштениот изглед. Сепак треба да се наспомне дека идеалниот изглед на средовечните холивудски дами се должи на скапата нега на телото во комбинација со пластичните операции и ботоксот.

Памела има два сина од бракот со Томи Ли, додека Шерон која не е биолошка мајка има посвоено три деца.

- Мислам дека мојот најголем успех е кога ќе ги натерам да легнат да спијат, истакнува Стоун.

Зад Памела Андерсон и Шерон Стоун на листата на најсекси мајки се најдоа нивните помлади колешки Кејт Хадсон, Риси Витерспун и Дениз Ричардс.

 

Copyright © 2009 selotejp.com