Црвени цреши, црвена пиперка, јагоди и домати богати со ликопен, се добри природни антиоксиданси, кои се добри за борба против разни болести, а им помага на луѓето против изгореници.
Мандарините, морковите, мангото, компирот и кајсиите содржат алфа и бета каротен, антиоксиданси кои ја штитат кожата од ултравиолетовото зрачење и помагаат во изградувањето на нови клетки.
Зелените јаболка, кељот, брокулите, крушите и спанаќот се извор на лутеин и каретеноид кој е добар за хидратација на кожата, еластичност и здрави очи. Авокадото и лиснатиот зелен зеленчук се богати со витаминот Е, кој ја зацврстува кожата и го спречува настанувањето на борите.
Секое овошје или зеленчук има своја важна состојка која спречува некоја болест или пак го успорува стареењето и го подобрува здравјето. Препорачливо е секојдневно овошјето и зеленчукот да се наоѓаат во вашата чинија. Што повеќе бои, толку повеќе здравје.
Што повеќе шаренило повеќе здравје
- Сите знаеме дека најздраво е да се јаде повеќе пати на ден, а оброците да бидат помали. Но малкумина се тие што знаат дека најдобро е да се јаде овошје и зеленчук во различни бои. Колку повеќе разнообразно овошје и зеленчук јадеме, толку подобро за нашиот организам, советува нутриционистот Нел Нелсон која додава дека природните фитонутриенти кои ги содржат овошјето и зеленчукот во нивната боја ни помагаат да останеме здрави.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)