-->

Збогум Мики

Вејн Алвин, актерот кој повеќе од три децении му го позајмуваше гласот на дизниевиот јунак Мики Маус почина во Лос Анџелес на 62 години. Зад себе ја остави сопругата Руси Тејлор, која и го позајмуваше гласот на партнерката на славниот глушец - Мини Маус.

miki by you.

Од создавањето на анимираниот лик на Мики Маус во 1928, гласот му го позајмуваа единствено неговиот "татко" Волт Дизни, а потоа Џими Мекдоналд (од 1947 до 1976 година). Алвин, кој имаше најдолг стаж како гласот на Мики Маус, дебитираше во 1977.

Рој Дизни, внукот на Волт Дизни и еден од директорите на компанијата, чувството на жалење поради загубата на човекот кој му го даде гласот на најсаканиот лик на Дизни го изрази писмено: "Вејн не само што му даде глас на Мики, туку му даде и срце и душа".

 

Copyright © 2009 selotejp.com