-->

Даунлоудери во тесно

Изгледа дека му дојде крајот на нелегалниот даунлоуд во Франција. Таканаречениот закон "три предупредувања" доби зелено светло во долниот дом на парламентот и кон крајот на неделава ќе се најде пред сенатот кој ќе ја донесе конечната одлука.



Според наодите на законот, на корисниците кои се служат со нелегален даунлоуд на пиратски софтвер, музика, филмови и слично, интернет провајдерот би можел да им ја изгаси конекцијата без никаков правен процес.
Поточно, до таква мерка не би дошло по првата грешка. Надлежното тело на корисниците ќе им прати мејл во кој ќе ги предупреди дека се занимаваат со нелегална активност, а доколку корисникот не се откаже, му следи класично писмено предупредување. Доколку го игнорира и тоа, му се исклучува интернет пристапот во траење до една година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com