-->

BMW серија 5 GT

BMW денес и официјално ги откри првите фотографии од серијата 5 GT која во концептно издание беше најавена на женевскиот авто салон годинава.

5gt-1 by you.

Како што се очекуваше, автомобилот ги задржа изгледот и пропорциите на концептот. Граден на прилагодена платформа на серијата 5, моделот 5 GT е со прилично големи димензии од 4.998 милиметри во должина и 1.901 милиметри во ширина, со дури 3.070 милиметри меѓуоскино растојание.

Што се однесува до моторите, засега познати се три решенија. Серијата 5 GT по излегувањето ќе ја движи трилитарски битурбо шестоцилиндарец со 306 коњски сили кој автомобилот го заврзува до стотка за 6,5 секунди, потоа 4.4 литарски V8 со 408 КС кој истото го прави за 5,5 секунди и трилитарски турбодизел со 235 коњски сили на кој за спринт до стотка му требаат 6,9 секунди.

Официјалната премиера на серијата 5 GT е најавена за есенскиот салон во Франкфурт, додека продажбата би требало да започне до крајот на годината.

 

Copyright © 2009 selotejp.com