-->

Dacia Shift купе

Dacia на саемот за автомобили во Женева го прикажа Duster, концепт SUV возило, кое собра одлични критики и ги воодушеви посетителите. Сега од Dacia пристига уште едно освежување, овој пат двосед со стаклен подвижен кров.


Уште на прв поглед се гледа дека Shift е направен по примерот на Duster, но ова возило сепак е наменето за возење во градска средина. Одлично дизајнираната каросерија е дополнета со потполно стаклен кров кој ви овозможува да гледате во небото, дури и кога е спуштен.



Погонот се уште не е избран но се шпекулира дека можеби тој ќе го сочинува литиумска батерија или акумулатор кој работи на течен хидроген. Брендирањето, како и кај Duster е одлично направено, со големи SHIFT и DACIA натписи, напред и одзади.

 

Copyright © 2009 selotejp.com