-->

Славина - вазна

Интересен дизајн кој ќе направи вашата бања секогаш да мириса на свежо како цвеќе. Станува збор за славина – вазна, дело на компанијата Hego Waterdesign.

Водата во цевките постепено ја полни вазната, а откако ќе стигне до врвот во форма на водопад паѓа во кадата.

Дизајнот е интересен и дефинитивно ќе ја разубави вашата бања, но не се препорачува за оние кои не се големи љубители за бањањето, затоа што нивната славина - вазна ќе биде преполна со исушени лисја и латици.

Единствена работа која останува нејасна е следното: Како цвеќињата ќе преживеат во врела вода?

 

Copyright © 2009 selotejp.com