-->

Google Voice

Во денешно време, границата помеѓу телефоните и компјутерите е прилично нејасна. На мобилен сурфаме, гледаме видеа и читаме мејлови, а од компјутер телефонираме и праќаме смс пораки. Google не води еден чекор понатаму.


Во Сан Франциско Google ја претстави новата услуга Google Voice, која ги испреплете традиционалните функционалности на телефонот со веќе добро познатиот Gmail. Google Voice им овозможува на корисниците да подготват транскрипти на гласовни пораки на ист начин како и е-маил и потоа лесно да ги пребаруваат.

Google Voice е базиран на технологијата која Google ја доби со купувањето на компанијата Grand Central Communications пред неполни две години.

Google Voice им овозможува на корисниците да имаат само еден број и на него да ги пренасочат сите повици дома, во канцеларија или на мобилен. Сите пораки од говорната пошта можат да им стигнат по е-маил или смс.

Услугата моментално им е достапна само на Grand Central корисниците, а во следните неколку недели би требало да стане јавно достапна.

 

Copyright © 2009 selotejp.com